ПРАВИЛА НА ИГРАТА
погодување на резултати на спортски натпревари
Обложување на спортски натпревари на спортската обложувалница ,,АРЕНА"
 
Чл.1
Предмет на обложување-погодување се спортските натпревари во земјата и странство кои организаторот ќе ги понуди на учесниците на обложувањето.
Чл.2
Името на играта е обложувањe на спортски натпревари. Времетраењето на играта зависи од времето кое е потребно да се одиграат натпреварите кои ги одредил приредувачот.
Чл.3
Услов да се учествува во играта е играчите да не се помлади од 18 години и да се придржуваат на правилата на играта за обложување на спортски натпревари кои ги одредил приредувачот на истите.
Чл.4
Објектот во кој се приредуваат обложувањата на спортски натпревари се наога на ул. Благоја Стевковски бр.74 а - Скопје и ул. Горче Петров бб. (стара зелезничка станица)
Чл.5
Минималната висина на уплата за обложување е 5(пет) денари по комбинација, а минималната уплата по талон е 50(педесет) денари. Крајниот рок за уплата за учество во играта е уплатата да се изврши до почетокот на првиот натпревар од типуваните на талонот.
Чл.6
Учесникот може да се обложува на следните видови на игри:
 
1 Конечен тип
мин 4 натпревари или 3 со знак 2 или Х
2 Двојна шанса
мин 4 натпревари
3 Вкупно голови
минимум 2 натпревари
4 Долговремен тип
минимум 1 натпревари
5 Тип на прво полувреме
минимум4 натпревари
6 Прво полувреме - крај (45' - 90')
  минимум 2 натпревари
7 Точен резултат
минимум 1 натпревари
8 Замислени натпревари
минимум 4 натпревари
9 Микс
Еден исполнет услов од било која горе наведена игра
10 Прв дава гол
минимум 4 натпревари
11 Специјален хендикеп
минимум 3 натпревари
12 Супер сингл
минимум 1 натпревари
13 Вкупно голови во лигата
минимум 4 натпревари
14 Вкупо голови во прво полувреме
  минимум 4 натпреварисо знак "1" или 2 со знак"2"
15 Повеке голови во поувреме
минимум 4 натпревари
16 Сингл
минимум1 натпревари
Чл.7
Организаторот може да понуди и други видови на игри (освен оние наведени во чл.6), во врска со обложување на спортски натпревари, кои ке бидат објавени во билтенот во тоа коло и јаво истакнати на огласна табла во обложувалницата.
Чл.8
Учесниците ќе пополнуваат талони за погодување на спортските резултати, на кои ќе ги означуваат сите битни елементи потребни за учество во обложувањето. Учесникот може да се обложи на максимум 16(шеснаесет) парови.
Чл.9
Количеството на вкупната уплата ќе зависи од интересот на играчите за тоа коло и висината на уплатите по талон.Минимална уплата е 50.00денари по талон, а максималната исплата 300 000.00ден на талон
Чл.10
Резултатите ќе бидат објавувани на огласна табла во обложувалницата. Добивките се утврдуваат компјутерски, со покажување на добитниот талон на благајната на обложувалницата од страна на играчот. Висината на добивката се пресметува врз основа на однапред дадени коефициенти. Начинот на утврдување на резултатите ке биде преку официјалните сајтови на фудбалските федерации за секое национално првенство,или официјалните сајтови за секој куп и мегународен натпревар .
Чл.11
Исплатата се врши веднаш по завршувањето на одиграните натпревари, а најдоцна во рок од 60(шеесет) дена. Доколку играчот не дошол за исплата во определениот рок неговот право за исплата застарува Неисплатените талони се приход на буџетот на Република Македонија. Доколку, на примерот од талонот што се наоѓа кај играчот, при исплатата се забележи дека тој не одговара на оригиналот (кој се наоѓа во обложувалницата), дека е нерегуларен (дополнително допишана шифра или други игри), талонот ќе се смета неважечки и нема да биде извршена исплата.
Чл. 12
Запознавање на учесниците во играта со правилата на играта,заверени од министерство за финансии се врши преку јавно пставување на иститена огласна табла во обложувалницата и преку билтен кој го издава обложувалницата.
Чл.13
Добитна комбинација е онаа која нема ниту еден промашен тип.
Чл.14
Учесниците во играта се должни да го почитуваат правилото за минималниот број на натпревари за секој вид на игра.кој е комплетно прикажан на МОДЕЛИТЕТИ за обложување, И јавно истакнат на огласна табла.
Чл.15
Важечки е резултатот постигнат во текот на регуларниот тек на натпреварот, а продолжувањата не се земаат во предвид.
Чл.16
Во случај на одложување на натпреварот и одигрување на нов натпревар заклучно со последниот ден на колото, постигнатиот резултат е важечки за сите видови на игри. Во случај на неважечки резултат и неодигрување на одложен натпревар до последниот ден од тековното коло, натпреварот е неважечки и коефициентот е 1 за сите видови игри.
Чл.17
Во случај на прекин на натпреварот во текот на првото полувреме резултатот е неважечки и се пресметува коефициент 1. Во случај на прекин на натпреварот по завршување на првото полувреме резултатот е неважечки за сите видови игри освен за игрите тип на прво полувреме и вкупно голови во прво полувреме. Доколку прекинатиот натпревар се одигра во целиот тек до крајот на колото важечки е постигнатиот резултат за сите видови игри. За прекинат натпревар со извршена уплата за играта (прв дава гол) се пресметува кефициент 1.00 само кога прекинот е при резултат (0:0), секој друг постигнат резултат се пресметува согласно правилата за играта (прв дава гол)
Чл.18
Во случај на грешка на организаторот врзана за коефициентите, името, времето или местото на одигрување на натпреварот или слично, организаторот го задржува правото тој натпревар да го прогласи за неважеки и по неговото завршување и пресметува коефициент 1.00 само за тој натпревар на тикетот.
Чл.18-1
Сите натпревари кој се типувани и уплатени после нивното започнувње или завршување, кладилницата ги пресметува со коефициент 1.00, само тие натпревари на уплатениот талон.
Чл.19
Организаторот има право да ги измени коефициентите објавени во билтенот. Известувањето за новите коефициенти ќе биде истакнато на местата за уплата. За играчите важечки се коефициентите во моментот на уплатата.
Чл.20
Играчот има право на приговор во рок од 7(седум) дена по објавувањето на резултатите од последното коло.
Чл.21
Играчот со уплатата потврдува дека ги прифатил правилата на игра пропишани од страна на организаторот.
Чл.22
Овие правила ќе бидат истакнати на видно место на огласната табла во просториите на организаторот. На тој начин ќе се смета дека секој учесник во играта е запознаен со овие правила и дека ги прифаќа без резерва.
Чл.23
Во случај на било каков спор помеѓу учесниците и организаторот на обложувањето што не ќе може да се реши со меѓусебна спогодба ќе биде надлежен Основниот Суд во Скопје.